За трибината за Down синдром
Драги колешки и колеги,
Време е да се осврнам на трибината за Down синдром – предизвик за родителот, поддршка за зрелост на општеството. Како што ви веќе познато се одржа во саботата на 15.10.2011 на Филозофскиот факултет во Скопје од 11.00 до 14.30 часот пред преполн амфитеатар со повеќе од 300 гости. Големиот амфитеатар на ФЗФ тесен да ги прими сите заинтересирани гости. Беше тоа одлична пригода да се разменат искуства со колегите од Хрватска. На едно место собрани деца со Down синдром, нивни родители и членови на семејството, студенти, постдипломци, докторанти, асистенти на факултет и професори. Имавме и еден амбасадор господинот Крамариќ од амбасадата на Р. Хрватска, кој единствен од политичарите ја поддржа оваа трибина за што МНЗА многу му благодари за издвоеното време. Уште еднаш се покажа дека нашите поитичари немаат слух за вакви настани. Иако беа поканети трите ресорни министри, ниту еден од нив не најде време да дојде на трибината и даде поддршка. Со тоа се покажува уште еднаш дека општеството не ни е зрело за да помогне на лицата со Down синдром. Трбината беше во организација на Трисомија 21 и МНЗА и овде сакам да упатам должна благодарност на претседателката на оваа невладина организација од Хрватска, која несебично го вложи своето време и средства да им помогне на нашите семејства. Дискусијата во времетраење од 50 минути ги опфати сите позначајни проблеми што ги тиштат семејствата. Што се однесува до моето предавање сакам да напоменам дека ја презентирав темата: Новини во генетикатата на Down синдром. Во продолжение проследете го видеото во времетраење од 15 минути. Ова е за сите оние кои не можеа да дојдат на трибината, а сакаат да слушнат нешто ново.
Претседател на МНЗА
Comments(1)







[...] Public Debate on Down Syndrome Prof. Vladimir Trajkovski, MD, PhD, blogged [mk] about the public debate on the Down Syndrome, which was held in Skopje on Oct. 15 with over [...]