јануари, 2010

3 од 1 Се уште сонувам дека сме заедно

Драги мои,

Како ште веќе знаете минатата недела ја одбележа феноменалниот концерт одржан по повод 29-от роденден на легендата Тоше Проески. Во салата „Борис Трајковски„ се одржа хуманитарниот концерт „Со хуманост до светлината„ на кој учествуваа повеќе балкански ѕвезди. Тоа беше и повод овој викенд (малку задоцнето), но сепак на време да постирам неколку песни по мој избор на ФБ. Нормално за тука на блогерајов се одлучив за одличната нумера на Тоше „Се уште сонувам дека сме заедно„ која е спакувана во одличен видео запис. Да им се препуштиме на нумерите и да се преселиме на ФБ.

DJ Vac

YouTube Preview Image

Резултати испит МОИ 2

Почитувани студенти,

Во прилогот се резултатите од утринскиот испит по Медицински основи на инвалидноста 2.

Предметен наставник

Резултати испит ХГ 2

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од испитот Хумана генетика 2.

Предметен наставник

Еразмус ИНФО ден на ФЗФ

Почитувани студенти, колешки и колеги,

Со цел подобра промоција на можностите за добивање на стипендија или грант за студентите и вработените на Филозофскиот факултет, ве покануваме на информативна презентација на програмата Еразмус, која е интегрален дел од програмата „Доживотно учење„. Инфо денот ќе биде поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со нивни предавачи, информативни и промотивни материјали.

Имам особена чест да ве поканам на инфо денот кој ќе се одржи на 05.02.2010 во големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет со почеток во 12 часот. Со тоа, заинтересираните студенти и професори ќе имаат можност да аплицираат за Еразмус навремено, т.е. до крајот на месец Февруари.

Кликнете овде за агендата.

Факултетски Еразмус координатор

Пишување оценки

Почитувани студенти,

Вие кои немате замено оценки по моите предмети ќе можете тоа да го сторите во следните термини:

Четврток 28.01. од 13.30 до 14.30

Петок 29.01 од 13.30 до 14.30

Сабота 30.01 од 12.00 до 13.00

Само во тие термини ќе пишувам оценки.

Предметен наставник

Резултати испит ФФА

Почитувани студенти,

Во прилог ви се резултатите од утринскиот испит по Физиологија со функционална анатомија.

Предметен наставник

Термини за полагање на испити за постдипломци

Почитувани постдипломци,

Во прилог ви се наоѓа распоредот за полагање на испит во јануарско-февруарска сесија. Се надевам дека ќе бидете успешни во сесијата.

Раководител на ННК

Оливер Мандиќ – Разбуди се на час

Драги пријателки и пријатели,

Секако дека завчера 24.01.2010 година во салата „Борис Трајковски„ беше тажно, исполнето со емоции, но и во исто време величенствено. Се собра балканскиот крем на поп и рок сцената да му оддаде почит на великанот Тоше Проески. Една од најдобрите нумери по мене е секако таа на Оливер Мандиќ придружуван од Беби Дол, Жељко Митровиќ, Гарабет Тавитјан и браќата Тавитјан. Каква лирика: „Овде јас плачам доволно тивко за да те разбудам тебе, а да не чуе никој„ Колку солзи треба уште да се пролијат, толку дожд треба за да се измие тагата … Ма разбуди се на час, погледај на нас, погледај ја твојата татковина Македонија„. Го немаше долго на концертна сцена, цели 24 години, но мајсторот останува мајстор. Легендата завршува со реченицата „Све вас воли Оли„.

DJ Vac

YouTube Preview Image

Резултати од испитот МОИ 1

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Медицински основи на инваслидноста 1.

Предметен наставник

Резултати испит ХГ 1

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од испитот Хумана генетика 1.

Предметен наставник

Syllabus по МОИ2

Почитувани студенти од втора година,

Во прилог можете да го најдете силабусот по Медицински основи на инвалидноста 2. Со тоа ќе имате комплетен увид во распоредот на предавањата и колоквиумите по предметот. Клик овде.

Предметен наставник

Syllabus по ХГ

Почитувани студенти од прва година,

На наведениот линк ќе можете да го симнете силабусот по Хумана генетика и така да дознаете која недела што ќе слушате на предавања и вежби.

Предметен наставник

Список за вежби МОИ2

Почитувани студенти од втора година,

Во прилог ви го давам списокот за вежби по Медицински основи на инвалидноста 2. Предавањата започнуваат на 02.02.2010, а вежбите на 08.02.2010. Нека е со среќа вториот семестар. Клик тука за список. Групите се дефинитивни и за жал нема да има промени.

Предметен наставник

Список за вежби Хумана генетика

Почитувани студенти од прва година,

Иако се уште трае сесијата, веќе мораме да мислиме и на вториот семестар кој почнува идниот понеделник, поточно за 8 дена. Предавањата започнуваат во 8.15 и веднаш потоа вежби има прва група во 11.30 до 13.00. Во вторник продолжуваме со втора група. Вие треба да бидете подготвени за вежби да ја прочитате вежба број 1 од практикумот. Литературата ќе можете да ја најдете во Студентски сервис.

Задолжителна литература

  1. Трајковски В. Хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2005.
  2. Трајковски В. Практикум по Хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, Скопје, 2003.

На следниов линк можете да го испечатите распоредот на групите за вежби по ХГ.

Предметен наставник

Гарабет Тавитјан feat. Massimo Savic – Елено ќерко

Драги посетители,

Не можев да одолеам, а да не го постирам ова ремек дело  на старата и добра македонска нумера „Елено ќерко Елено„ во обработка на Гарабет Тавитјан и Масимо Савиќ мојот омилен викал од хрватска. Сигруно не постои чеовек на планетава што може да каже дека оваа песна не чини. Уживајте го неделното претпладне и попладне.

DJ Vac

YouTube Preview Image

Следна страница »